Шилегов ја крена рампата за Водно, за викенди на Средно Водно ќе се наплаќа паркинг

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов се премисли. По ноемвриската забрана за движење на возилата до Средно Водно за време на викендите, од наредниот викенд сообраќајот на Водно ќе биде дозволен, ама ќе се плаќа за паркинг - 100 денари за еден час и 50 денари за секој нареден час. Бесплатните автобуси остануваат.

Шилегов денеска ијави дека имало многу барања од граѓани да се дозволи движење на возила до Водно, како и на кафанџиите на кои им бил намален прометот.

„Мислам дека не е добро да се оди со возила на Водно. Но одлуката која ја донесовме во ноември беше од времен карактер со цел да се среди хаосот со паркирани возила. Исто така имаше и реакции од граѓаните дека сакаат со коли да одат на Водно, како и од четирите угостителски објекти таму кои велат дека немаат работа поради забраната и мораат да ги затворат објектите доколку не се промени одлуката. Реагираа и жителите на Нерези, кои се жалеа дека паркингот кај црквата свети Пантелејмон и улицата се преплавени со коли. Воведуваме високи цени за паркирање со цел да го дестимулираме движењето на возила, а ги оставаме бесплатните автобуски линии“, рече Шилегов.

Средствата од паркирањето ќе бидат наменети за одржување на парк шумата Водно.

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе

Повеќе од 40 години пишувам за самостојноста на македонскиот јазик и идентитет и на моменти бев подложуван и на физички напад поради моите ставови. Јас не би прифатил ништо што го негира признавањето на Македонија.

повеќе