Шилегов: Град Скопје ќе вработи 50 нови пожарникари

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на денешното одбележување на 20 мај-Денот на пожарникарите во Противпожарната станица во Автокоманда најави дека Град Скопје годинава ќе вработи 50 нови пожарникари и дека ќе вложува во опремување и во модернизација на Противпожарната бригада.

„Оваа година од буџетот на Град Скопје за Бригадата за противпожарна заштита одвоивме вкупно околу 134 милиони денари. Во овие средства предвидена е набавка на нова противпожарна автомеханичка скала минимум 75 метри и набавка на две возила автоцистерни. Испорачан е нов симулатор за пламени удари што се користи за вежби преку симулација на реални услови на пожар. Набавен е нов разгласен систем и во целост се заменети гаражните врати. Ова се само дел од тековните потреби на една модерна Бригадата за противпожарна заштита“, рече Шилегов.

Во своето обраќање тој кажа дека оваа опрема долго време ја очекувале и затоа Градот ја набавува годинава, како и дека се свесни за нивната потреба од нова и модерна опрема согласно со европските стандарди.

„Оваа година во Бригадата за противпожарна заштита предвидено е да бидат примени нови 50 пожарникари. Согласно со европските стандарди пропорцијата е еден пожарникар на 1.500 жители, додека моменталната состојбата во Скопје е еден пожарникар на 3.500 жители. Со овие вработувања ќе се зголеми капацитетот на бригадата за справување со предизвиците при извршувањето на работните задачи, а истовремено ќе е чекор поблиску до исполнување на европските стандарди. Заштитата од пожари и безбедноста на граѓаните е од исклучително значење за Градот Скопје. Секој спасен живот на наш сограѓанин е бесценет, и без вас оваа хумана мисија би била невозможна“, им порача Шилегов на пожарникарите.

Пред неколку месеци потцентарот Ѓорче Петров доби нова зграда за противпожарна станица, а Градот Скопје и во иднина ќе посвети посебно внимание за развој на пожарникарството и со тоа ќе даде свој придонес ва оваа суштинска област која придонесува на хуман начин да се создадат услови за поголема безбедност на граѓаните, се додава во соопштението на прес-службата.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе