75 години од ослободувањето на Скопје

Шилегов: Да го направиме Скопје град за сите

Градот убав мора да продолжи да се развива во современа европска престолнина, да биде достојно место за живеење. Одбележувањето на 75-годишнината од ослободувањето на Скопје е сеќавање на минатото, но носи и моќна порака за иднината. Да го направиме Скопје град за сите. Го отвараме градот за граѓаните, ги вклучуваме во процесите на одлучување и создаваме модел за долгорочен развој на градот, истакна вечерва градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на одбележувањето на 75-годишнината од ослободувањето на Скопје.

 

Тој посочи дека во неговата визија, Скопје е просперитетен и отворен град, еднаков за сите. Со инфраструктура и градби адаптирани за потребите на граѓаните, град којшто се развива внимателно ама и рамномерно, град којшто обезбедува услуги за граѓаните, што го вбројуваат во европските метрополи и паметни градови.

Синоќа во Националната опера и балет, по повод одбележување на 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје, градоначалникот Шилегов, свечено им ги додели наградите на годинешните добитници, нашите сограѓани коишто со својот труд и творештвото дале свој придонес за развојот на градот и за неговиот севкупен напредок, и им се обрати на присутните гости.

„Секоја година на овој ден Скопје ги наградува сите оние кои со своите дела во различи области го промовираат нашиот град низ целиот свет. Затоа упатувам искрени честитки до годинашните добитници на награда 13-ти Ноември. Овие награди се само мала благодарност од сите нас за нивната посебност. Вие сте нашата голема скопска гордост. Искрено се радувам на секој ваш успех и од срце ви го честитам“, кажа Шилегов во своето обраќање.

Градоначалникот на Град Скопје им додели награда „13 Ноември” на фотографката Ерина Богоева за изработка и издавање на монографијата со фотографии „Скопје-архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990)”, на музичкиот педагог, истражувач и публицист Александар Трајковски за значаен придонес во областа на културата,уметноста и литературата со објавувањето на книгата „Музиката во македонскиот игран филм од Фросина до Лазар”.

Награда доби и Карате клубот Работнички – Скопје за 50 години постоење и постигнати врвни спортски резултати на домашен и меѓународен план, на Алили Бесир за освоено прво место на Европско првенство во борење за кадети, на учениците Ана Марија Атанасова за постигнати резултати во воннаставни активности и Стефан Стојковиќ за успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности и посебен придонес за афирмација на градот Скопје во светот.

Христина Спасевска доби награда за остварувања во науката, техниката и стопанството од областа обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, Жикица Ѓорѓиевски за континуирана поддршка на лицата од социјален ризик, Дита Старова Ќереми за посебен придонес во културата и севкупниот развој и афирмација на Град Скопје, Фросина Зафировска за значајни достигнувања во областа на музејската дејност, визуелните уметности, архитектурата и дизајнот и на Бисера Чадловска за континуирано успешно творештво во областа на музичката уметност.

Во рамки на свеченоста по повод Денот на ослободувањето на Скопје, во фоајето на Националната опера и балет, беше отворена и изложба на ликовните дела, што беа насликани на меѓународната ликовна колонија „Скопје 2019“.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе