Локални избори

Шанса за Центар: Спас од продажба на државното земјиште кај ПУИГ

Ќе го спасиме од комерцијализација државното земјиште кај ПУИГ, за кое кандидатите за градоначалници од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ лицитираат со станбени објекти и паркинг. На тој простор, во визијата на Шанса за Центар стои изградба на јавен објект наменет за културата -  содржина што недостасува во ова маало. Притоа, со овој објект намерата е воопшто да не се наруши зелената површина и старите дрвjа кои се наоѓаат на парцелата, соопштија од независната граѓанска иницијатива Шанса за Центар.

„Како последица од хаосот предизвикан од погрешните одлуки на двете најголеми партии кои наизменично имаа мнозинство во Советот, денешните кандидати за градоначалници и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ лицитираат со ветувања за нови паркинзи во оваа четврт со капацитети за стотици возила. Локациите кои ги одбираат се тотално нестручно предложени, како што се бараките на станбеното претпријатие (ПУИГ) или општината, со подземни паркинзи и комерцијални згради.

Погрешните предлози и решенија за паркирање можат да остават сериозно лоши последици, како и исчезнување на целото повеќедецениско зеленило од просторот кај бараките, привлекување уште повеќе возила во ова маало во кое веќе сообраќајот е густ, улиците се закрчени, небезбедноста е секојдневие, а нервозата, загадувањето и бучавата расте. Планирањето без визија и давање парцели за брз профит од изградба на згради, неповратно ќе ги влоши животните услови на сите граѓани, без воопшто да се води сметка дали јавната инфраструктура може да поднесе толкаво зголемување на бројот на жители.

Шанса за Центар нуди решение и за проблемот со недостиг на паркинг места во општината. Нов паркинг простор може да се спроведе со решението предвидено со планот за Дебар Маало 2, каде просторот на сегашните бараки на администрацијата на град Скопје ќе биде пренаменет во монтажен паркинг на кат. Влезот кон тоа паркиралиште веќе постои, и нема да претставува нов скап и загадувачки проект“, соопшти Шанса за Центар.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе