Реакција

Шанса за Центар предупредува: Општина Центар планира приватизација на службените лаптопи, ексклузивитет за „Работнички“ и 26 предизборни вработувања

На седницата на Советот за Општина Центар закажана за в четврток се планира службените лаптопи кои советниците со мандат од 2017 до 2021 ги добија на користење да им се предадат во приватна сопственост, да се даде ексклузивитет на кошаркарскиот клуб Работнички кому  спортските сали на осумте општински основни училишта му се нудат без надоместок ипредлог за 26 предизборни вработувања, предупредува граѓанската иницијатива Шанса за Центар чиј носител е актуелната советничка во општината Јана Белчева.

Шанса за Центар потсетува дека улогата на советот законски е огромна и предвидува дека избраниците на граѓаните на локално ниво решаваат за петнаесетина клучни надлежности на општината без кои не може градоначалникот сам да носи одлуки, а една од нив е дека „решава за начинот на располагање со сопственоста на општината“.

„Потсетуваме дека советниците имаат клучна улога во носењето на политики кои треба да го унапредат квалитетот на животот на сите жители на општината. Советниците треба да делуваат вокорист на жителите на општината од кои се избрани, а не во корист на политичките партии што ги предлагаат. Предлагаме таблетите и лаптопите кои со оваа предлог одлука треба да преминат во приватна сопственост на советниците по 17 октомври, да се преименува и тие да се донираат на училиштата во општината. Во услови на постепена дигитализација во училиштата, сметаме дека оваа пренамена на ресурсите ќе биде од корист на општината.

Ние го поддржуваме развојот на спортот во општината, но општинските пари треба да се распределат прво според утврдени приоритети, а кај спортот, да нема ексклузивитет еден спортски клуб туку спортот во целина.

Според став 1 од членот 2а од Изборниот законик „од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори до завршување на изборите не може да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции“. На речиси еден месец до локалните избори сметаме дека ова е начин за поткуп на гласачите на кои им се ветуваат вработувања ако победи мнозинството во досегашниот совет, односно коалицијата предводена од СДСМ“, се вели во реакцијата на граѓанската иницијатива Шанса за Центар. Нивната независна советничка листа ќе учествува на локалните избори.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе