Локални избори

Шанса за Центар на средби со жителите на Пролет и Маџир Маало: за спас на зеленилото и игралиштата

Планираната градинка и заштитата на зеленилото беа заложби за кои се изборија луѓето од Шанса за Центар, Јана Белчева Андреевска и Дивна Пенчиќ, во текот на својата работа во Советот и Комисијата за урбанизам на Општина Центар во текот на минатиот мандат.

Попладнево прошетавме и разговаравме со сограѓаните од едни од најстарите населби во Центар - Пролет и Маџир Маало, вели Шанса за Центар во соопштението до медиумите. Првата е едно од катчињата со најзачувано и богато зеленило во општината. Такви крошни на дрвата нема на многу места низ Центар, погледнете ги.

Во Пролет, пред Уставниот суд и Министерството за транспорт и врски да го укинат мораториумот, се донесе нов план со кој се спасија зелените површини за кои се предвидуваше да станат паркинзи. Се овозможи простор за градинка, а наместо надградби се ограничи висината, но се вети поддршка за обнова на фасадите и покривите, со што ќе се зголеми енергетската ефикасност.

Тие фасади, лифтови и покриви нема да дозволиме да останат заборавени ветувањата и ќе се бориме да се реализираат. Свесни сме за демографските промени и зголемениот број деца што имаат потреба од обновено детско игралиште. Содржини и за другите возрасти се неопходни, но се бараат и паркови за миленичиња. Мораме да обезбедиме квалитетни услови за развој на сите.

Планираната градинка и заштитата на зеленилото беа заложби за кои се изборија нашите луѓе од Шанса за Центар, Јана Белчева Андреевска и Дивна Пенчиќ во текот на својата работа во Советот и Комисијата за урбанизам на Општина Центар во текот на минатиот мандат.

„Шанса за Центар“ ќе се залага и за систематска грижа и дополнување на зеленилото во населбата и за конечно бришење на идејата улицата Крушевска Република да стане булевар зашто сметаме дека со неговата изградба би се уништила населбата, како и значаен дел од Ново Маало.

Граѓаните во Маџир Маало се пожалија на поинакви проблеми. Планот што е донесен во 2012 значително ги загрозува условите за живот на луѓето, но би овозможил брзи профити за лакомите инвеститори.

Министерството за транспорт и врски не успеа да ги види нарушувањата на јавниот интерес во тој план на Маџир Маало, иако нашите анализи покажаа дека блоковите што се планирани ќе донесат вечен мрак и ниту едно зелено ливче за граѓаните. Никој во Маџир Маало не е среќен со градежната експанзија во делови од населбата каде што не може да пристапат противпожарни возила или итна помош. Нема инфраструктура што поддржува такво градење, па ни струјата ни водата не се постојани, а улиците постојано се закрчени од автомобили. 

Јавниот интерес не беше препознаен ниту од донесувачите на планот во 2012, ниту од властите во 2020. И по 10 години, сѐ уште моќниците диктираат како да се планира тој простор, а институциите не покажуваат моќ да го сменат тоа. 

Една од клучните заложби на „Шанса за Центар“ е општината да се трансформира во вистински сервис на граѓаните, која постојано и навремено ќе одговара на потребите на жителите за чии интереси воопшто и постои.

Имаме шанса заедно со сограѓаните да направиме промена.

Дај си Шанса за Центар! Гласај за број 83

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе