Локални избори

Шанса за Центар: И Водно не е имуно на градежното дивеење

Сѐ почесто никнуваат објекти кои по сите мерила се станбени згради, наместо индивидуални куќи како што е предвидено во плановите. Се зафаќаат цели дворови, се намалува зеленилото, а единственото игралиште за деца од помала возраст е пренаменето во паркинг. Општината не реагирала на пријавите за таквото градење. Општината до сега не го извела до крај ни проектираниот јавен простор, ниту велосипедските паркинзи, ни клупите покрај самопослугата..., велат од независната граѓанска иницијатива Шанса за Центар по вчерашната посета на населбата Водно кај  „Питу Гули“, „Ганчо Хаџипанзов“, Капиштец...

И во оваа населба, како и во другите делови на нашата општина, иако е претежно составена од куќи, не е имуна на градежното дивеење. Жители на населбата велат дека инвеститори не се откажуваат и од пробивањето на патот кон т.н. „Плацевите на Водно“ и подигнување на нови објекти во тоа подрачје иако тој ќе одземе делови од нивните дворови. Општината и покрај ветувањата дека нема да дозволи такви градби не ги запира процесите. 
 
Водњанци велат дека зголемувањето на бројот на жители со новите повеќекатни објекти го  зголеми и бројот на автомобили за кои пак во населбата нема решение. Улиците сѐ повеќе се затрупани од возила. Старите гаражи не се димензионирани за новите возила. 
 
Последните години, улицата „Питу Гули“ се претвора во прометна сообраќајница преку која возачите се обидуваат да го избегнат метежот од строгиот центар на градот, креирајќи ново „тесно грло“ кое е небезбедно, загадувачко и бучно. 
 
Шанса за Центар се залага сите улици кои спаѓаат во надлежност на Општина Центар да бидат ограничени со брзина од 20 и 30 км/ч и покрај училиштата, градинките и игралиштата да се постават инфраструктурни бариери како лежечки полицајци и сигнализација за ограничување на брзината на возењето.  
 
Членовите на Шанса за Центар ветуваат дека општината ќе ја претворат во сервис на граѓаните, постојано достапна и навремено посветена за да ги решава нивните проблеми.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе