Реакција

„Шанса за Центар“ бара привремена забрана за градење кај Холидеј Ин додека ОЈО не го расчисти случајот

По најавата дека денеска почнува првата фаза од градбата кај Холидеј Ин, „Шанса за Центар“ го повика Основното јавно обвинителство конечно да постапи по преставката од ДКСК во врска со нелегалното носење на ДУП-от.

„Кучињата лаат, ДУП-от си врви. ОЈО, Владата и Општина Центар не преземаат ништо за сопирање на потенцијално нелегалната градба пред Холидеј Ин“, пишува во реакцијата од „Шанса за Центар“.

Оттаму повикуваат во врска со овој случај итно да се преземат неколку чекори.

„Го повикуваме OJO конечно да постапи по преставката од ДКСК во врска со нелегалното носење на ДУПот. ОЈО седум месеци не постапува по предметот, исто како што премолчено го одобрува и дивото градење кај ‘Беко‘ на очиглед на полициската станица Центар. Јавното обвинителство треба да се бори против криминалот, а не да е негов нем поддржувач.

Градоначалникот на Општина Центар мора да издаде привремена забрана за градење, сѐ додека ОЈО не го расчисти случајот. Воедно тој може да ги врати уплатените комуналии за овој објект на инвеститорот, а кои сѐ уште стојат резервирани на сметка на Општината токму со намена да бидат вратени доколку тоа е потребно. Сето ова е можно, но вистинското прашање е дали се сака.  Градоначалникот да се зафати сериозно со обврската за суспензија, како законска можност за ревизија на останатите две парцели од Холидеј ин, кои секако ќе се изградат ако не се реагира. Одговорноста за затнувањето на Градот ќе биде само негова. Шанса за Центар во Советот на Општината ќе иницира запирање на реализацијата на незаконските урбанистички планови донесени во 2012, во време кога градоначалник беше Владимир Тодоровиќ, и кога не се почитуваа основните начела за јавен интерес и хумано планирање“, велат оттаму.

Од Шанса за Центар додаваат дека Министерството за транспорт и врски, поддржано од Правобранителот, евтино го продаде државното земјиштето на паркингот кај Холидеј ин, не размислувајќи ниту за законитоста на плановите, ниту за последиците во просторот, а најмалку од се размислуваше за видливите социјални неправди кои ќе ги истакне со сјајот и бедата во ист простор. Жителите на Ново Маало сега ќе бидат принудени да ги напуштат своите домови и да ги продадат своите домови за која било понудена цена. Соседните жители на Градски ѕид кои реагираа за можните прелевања на проблемите од планот врз нивните животи, ќе останат изиграни и изманипулирани.

Изразувајќи огромен револт и критика кон, како што велат, соучесништвото на Јавното обвинителство, Владата и градоначалникот на Општина Центар во уништувањето на достоинственото живеење на граѓаните на општината, од Шанса за Центар додаваат дека на граѓаните на општина Центар им останува да иницираат референдумско изјаснување за враќање на парите од комуналиите на инвеститорот, запирање на градбата и носење нов план за вистински развој на оваа централна градска локација.

„Справувањето со урбаниот хаос не е само изборен слоган, ниту садење цвеќиња, туку е вистинска борба. Ги изневеривте граѓаните уште во првиот месец по изборите и очигледно немате намера за бескомпромисна заштита на нашиот простор за живеење, ниту пак, за пркос и санкционирање кон сите што ја загрозуваат и деградираат нашата општина“, порачуваат оттаму.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе