Ден на жалост во Шуто Оризари

Семејството повикува на традиционален погреб на Амди Бајрам, а МЗ на избегнување на погребните ритуали

Во чест на починатиот лидер на ромската партија Сојуз на Ромите на Македонија Амди Бајрам, денеска во Општината Шуто Оризари ќе биде прогласен ден на жалост. За денеска е закажана и комеморативна седница во општината.

Амди Бајрам ќе биде погребан денеска на гробиштата во Бутел, а од неговиот дом во населбата Бутел ќе тргне и погребната поворка. По социјалните мрежи се споделува повикот сите Роми и не-Роми да се придружат на поворката од 14 часот.

„Ги повикуваме сите на кои им помогна, роднини, пријатели, политичари, бизнисмени, организации и сите Роми и не-Роми, за последен пат да го испратиме до вечниот дом, затоа што заслужува, затоа што беше голем Ром и пред се голем човек“, се вели во повикот.

Министерството за здравство вчера соопшти дека кај починатиот Амди Бајрам постмортем е утврдено дека бил позитивен на ковид-19, па во интерес на заштита на нивното здравје, се повикуваат семејството и неговите пријатели во целост да соработуваат со надлежните служби, да се избегнат сите погребни ритуали, а погребот да се спроведе согласно протоколите, како превенција од понатамошно ширење на инфекцијата од ковид-19.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе