Секоја година сѐ повеќе отпад во Скопје, лани собрани над 160 илјади тони

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје (ЈПКХС) во изминатите 12 месеци собрале и транспортирале вкупно 166.678 тони комунален отпад во главниот град, што е за 8.202 тони или 5,18 % зголемување во однос на претходната година. Покажуваат податоците што ги објави претпријатието.

ЈПКХС го собира и го транспортира комуналниот отпад од скопските домаќинства, како и од речиси 600 стопански субјекти во урбаниот и во руралниот дел на градот, а преку машинско и рачно миење и метење ја одржува и хигиената на шест милиони квадратни метри јавни и сообраќајни површини во градот Скопје .

На подрачјето на градот Скопје, во текот на изминатите 12 месеци, екипите на ЈПКХС отстраниле приближно 11.000мотпад од диви депонии, создадени како резултат на несовесно одлагање на отпадот од страна на поединци и правни субјекти. Количеството отпад што ЈПКХС го отстранува од јавните површини секоја година сè повеќе се зголемува, така што во текот на 2020 година беа расчистени околу 9.000м3, во 2019 година беа расчистени 8.721м3, во 2.018 година 5144м3, додека во 2017 година ЈПКХС отстрани само 835м3 отпад од диви депонии.

Исто така, во текот на 2021 година расчистени се неколку обемни диви депонии лоцирани во општините Чаир, Кисела Вода и Сарај.

Во мај 2021 година, претпријатието организираше акција за собирање кабаст отпад во сите скопски општини, во чиишто рамки беа подигнати и транспортирани рекордни 650м3 одложен мебел и отпад од електронски и електрични уреди.

ЈПКХС и натаму ја нуди можноста на граѓаните што имаат обезбедено сопствен превоз, бесплатно да го одложат својот кабаст отпад во центрите за селекција во Карпош и во Вардариште, секој ден во  неделата, во терминот од 07 до 19 часот.

Граѓаните, пак, коишто имаат потреба нивниот стар мебел и неупотребливите електронски и електрични уреди да бидат транспортирани од страна на екипите на ЈПКХС со специјални возила, таа  услуга може да ја нарачаат на бесплатниот телефонски број: 0800 222 33 и притоа да се договорат дали сакаат отпадот да биде преземен директно од внатрешноста на домот, без разлика дали станува збор во индивидуални или колективни домаќинства.

Во отчетот за работата на претпријатието во изминатата година уште се наведува дека Во текот на 2021 година, од страна на непознати сторители, биле опожарени вкупно 32 садови наменети за одлагање комунален отпад, од коишто 13 контејнери со зафатнина од 3,2м3, 17 контејнери со зафатнина од 1,1м3  и два сада наменети за примарна селекција на отпадот.

Во 2021 година, Еко-патролата на ЈПКХС изготви 1.359 информативно-едукативни записници што им беа врачени на граѓаните и на правните субјекти коишто беа затекнати при неправилно одложување отпад, односно прекршување на Законот за јавна чистота. По врачувањето на записниците, сторителите отстранија вкупно 801м3 неправилно одложен отпад од јавните површини.

               

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе