Мониторинг на кривични постапки

Секој ден во земјава една жена пријавува семејно насилство

Семејното насилство најчесто останува без разрешница поради недовербата во системот, рекоа учесниците на завршната конференција на Коалицијата „Сите за правично судење".

Семејното насилство не бира по возраст, образование и социјален статус. Наспроти статистичките податоци дека секоја трета жена е жртва на семејно насилство, праксата покажува многу попоразителни податоци – оваа бројка не е подеднакво рефлектирана во судските процеси што значи дека процесите остануваат без разрешница, а насилството останува неказнето.

Ова беше порачано на денешната завршна конференција на Коалицијата „Сите за правично судење“ на која беа презентирани податоците од мониторингот на кривични постапки од областа на семејно насилство и родово базирано насилство во текот на изминатата година.

За жал анализата од изминатата година покажува разочарувачки факти наспороти статистичките податоци според  кои секоја трета жена е жртва на семејно насилство. Оваа бројка не е рефлектирана подеднакво во судските процеси. Од сите процеси кои ги мониториравме во основните судови во земјава, констатиравме дека мал број од пријавените случаи се процесуирани и ја добиваат разрешницата во своите постапки. Причина е најверојатно сензитивоста на прашањето на семејно и родово базирано насилство и на специфичноста на институциите кои се први на фронтот против овој вид на насилство“, рече во своето обраќање  Натали Петровска, извршна директорка на Коалиција „Сите за правично судење“.

Таа порача дека е потребна едукација на учесниците во постапките, но и сериозен пристап од страна на институциите кои се на првата борбена линија во оваа област, а тоа пред сѐ се МВР, Центрите за социјални работи, па дури и јавните обвинителства.

Правниот експерт Дарко Аврамовски од „Сите за правично судење“ информираше дека од мониторингот на десетте најголеми судови во земјава најголем број на предмети има во Основнито суд во Скопје, по што следи Основниот суд во Куманово.

Нема ниту еден предмет заведен како родово базирано насилство, но малку повеќе од три четвртини од предметите кои ги анализиравме може да се сметаат за такви бидејќи сторителот и жртвата се од различен пол. Поразително е што имаме голем степен на одложени рочишта, а честа појава е во текот на постапката жртвата, дали под притисок или поради недовреба во институциите, да го повлече барањето за кривично гонење на сторителот. Најчести дела се телесна повреда, тешка телесна повреда и загрозување на сигурноста“, појасни Аврамовски кој потенцира дека овие постапки се специфични поради потребата од нивно брзо разрешување затоа што најчесто станува збор за специфичен однос меѓу жртвата и сторителот.

Важно е да се внимава да не дојде до двојна виктимизација на жртвата, но истовремено да се почитуваат стандардите за заштита на обвиниетите“, порача Аврамовски.

Маја Дилберова, претседателка на кризниот центар „Надеж“ кој речиси 20 години работи со жртви на семејно насилство информира дека бројката на предмети процесирани низ судовите е многу помала од она што тие како пријави го имаат примено во зружението.

Минатата година имавме повеќе од 350 повици годишно, а годинава до ноември 383 повици што значи во просек еден повик дневно за пријавување на семејно насилство. Најчесто згрижуваме мајки и деца во период од 24-48 часа, додека да се обратат до надлежните институции, со оглед дека тие во вечерните часови и за викенд не работат. Им даваме правно советување и психо-социјална поддршка за пријавување  на насилството“, рече Дилберова и додаде дека најчестата причина за непријавување е недовербата во институциите на системот кој треба да ги застапува нивните права за заштита, но причини се и недоволната информираност и економската зависност од брачниот партнер.

Х.Н.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе