„Врз основа на планот за работа, не се очекува прекин во водоснабдувањето. Но во случај да дојде до непредвидени проблеми, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на општина Гази Баба, Автокоманда, Ченто, Сингелиќ, Стајковци, Инџиково, Маџари, Хиподрум и хотел Белви“, соопшти претпријатието.
Одлуката да се изведат овие работни активности денес, е токму заради местоположбата и затвoрањето на дел од булеварот, се вели во соопштението и се додава дека увид во работите изврши и директорот Златко Перински.
„Екипите на Водовод и канализација - Скопје, ќе бидат на терен до целосно отстранување на дефектот и ставање во употреба на водоводната мрежа за граѓаните. Со отстранување на овој дефект водоводната мрежа ќе биде ставена во употреба за граѓаните, во тој дел на градот, без понатамошни потешкотии и застои во водоснабдувањето“, објави прес-службата на Водовод и канализација - Скопје.