ЈП „Паркови и зеленило“

Се уредува зелениот појас на булевар Србија

На булевар „Србија" периодов екипи на ЈП „Паркови и зеленило" етапно извршуваат подигање и уредување на ново зеленило на јавни површини и реконструкција на јавно зеленило оштетено при вршење на комунални инфраструктурни објекти.

„На потег од кружниот тек кај Цементара сè до улица „Христо Татaрчев“ се извршија активности на реконструкција и уредување на булеварското зеленило. Уредување и зазеленување со поставување на систем  капка по капка се изврши на зеленилото на кружниот тек, околу 3.000 квадратни метри странично зеленило, како и булеварска средишна жарадиниера, по што напролет ќе следи и хортикултурно доуредување.

Исто така, екипи од секторот „Подигање зеленило“ работат  и на локации на улица „Февруарски поход“ и булевар „Трета македонска бригада““, информираа од „Паркови и зеленило.

 

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе