Се уредува северната страна на кејот на реката Вардар

Град Скопје денеска почна да го уредува просторот на северната страна на кејот на реката Вардар. Екипите на градските претпријатија работат на подигнување на зеленилото, уредување на патеките и осветлувањето, како и евентулана санација на постоечката велосипедска патека.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов рече дека овој проект gрадот нема да го чини пари со оглед на тоа што станува збор за ангажирање на потенцијалот којшто го има во рамките на редовното работење на градските јавни претпријатија.

„Сметаме дека некако чудно беше запоставена оваа страна на регулираното корито на реката Вардар и токму поради таа запоставеност во неколку наврати имавме и акции на чистеење мини депонии коишто таму се создаваат. Така што ќе биде предмет на целосно уредување и ставање во целосна функција онака како што граѓаните знаат да ја користат другата страна, ќе ги изедначиме и по квалитет на инфраструктура и по квалитет на можности кои што ќе им се нудат на граѓаните, а истовремено ќе го засилиме и инспекцискиот надзор“, нагласи Шилегов.

Тој посочи дека во проектот е вклучена и УНДП со поставување урбана опрема, односно корпите за отпадоци коишто недостасуваат од оваа страна на реката.

„Откако ќе се заврши целиот тој проект, Скопјани ќе добијат еден нов добро уреден јавен простор“, истакна градоначалникот на Град Скопје.

Постојаната претставничка на Програмата за развој на ОН во државата Нарине Сахакиан се заблагодари за соработката со град Скопје и рече оти на тој начин може да се демонстрира дека природата и луѓето можат да коегзистираат заеднички.

Во оваа ситуација сметавме дека е добро да обезбедиме побезбеден, позелен начин на превоз преку обезбедување велосипедски патеки. По чистењето ние нема да запреме тука, ќе продолжиме со соработката, ќе ги консултираме луѓето да ни дадат идеи за тоа како најдобро може да се искористи овој коридор од двете страни на реката на најдобар начин за сите луѓе“, посочи Сахакиан.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе