Сѐ што треба да знаете за новите билети на ЈСП

Од  Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП- Скопје,  денеска соопштија дека поради изнесени шпекулации на одредени медиуми граѓаните на Скопје се збунети околу купувањето користењето и функционирањето на новите електронски билети. Од таму известија дека своите корисници ги известуваат следно:

1. Неперсонализираната картичка, која што е најактуелна во последниот период, заради приклучувањето на приватните превозници и новиот тип на наплата кај овие субјекти, чини 150 денари и на истата има впишано 5 гратис возења. Овие гратис возења, можат да се искористат во било кое време, по потребите на корисникот, без временски ограничувања. Овие картички можат да се набават на сите продажни места на ЈСП СКОПЈЕ, кај мастер­дилерот, на автоматите за електронски картички и кај возачите на ЈСП СКОПЈЕ и приватните превозници.

 2. Продолжувањето на важноста на бесплатните студентски билети и бесплатните билети на лицата од возрасната група на граѓани (над 64/62 години) не беше ограничена со 31.12.2016 година. Овие корисници можат да си ја продолжат важноста на картичките во било кој период на годината.

 3. Граѓаните можат да ги надополнат своите електронски картички или да набават нови во сите билетарници на ЈСП СКОПЈЕ, на 54 места на мастер­дилерот и на трите автомати за електронски картички.

4. Цените на билетите нема да бидат променети, односно остануваат исти од последната промена во ноември 2015 година, кога на најголемиот дел на билети цените беа намалени.

5. Билет за едно возење повеќе нема да се продава. Шпекулациите кои излегоа од одредени медиуми, односно повторното постирање на вести од 2015 година дека билетот за едно возење ќе чини 60 денари, се неточни. Ниту ЈСП СКОПЈЕ, ниту Градот Скопје има било какви индиции за воведување на ваков билет со таа цена.

6. Ноќните билети остануваат со истата цена од 40 денари, со тоа што корисниците ќе треба да внесуваат одредена сума на средства на своите картички, кои преку валидирање на истите ќе им биде одземана сумата за ноќниот билет. Напоменуваме дека ЈСП СКОПЈЕ воведе и месечен билет за ноќните линии, со цена од 400 денари.

7. Со Одлука на Градот Скопје, линиите со броеви 9, 11, 11­а, 12,19,20,23,45, 47­а, 54, 55, 55­б и 73 ќе бидат опслужувани исклучиво од приватните превозници, линиите со броеви 22, 52, 61 и 63 ќе бидат комбинирано опслужувани од страна на ЈСП СКОПЈЕ и приватните превозници, додека за сите останати линии граѓаните ќе бидат опслужени од страна на ЈСП СКОПЈЕ. 

Од ЈСП Скопје ги замолија своите корисници, доколку имаат било какви нејаснотии околу користењето на електронските картички, да се обратат директно во претријатието или до надлежни овластените лица.

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе