Се санираат пешачките и велосипедските патеки, како и скалите на кејот на Вардар

Градското претпријатие „Улици и патишта" деновиве работи на санација на оштетени патеки на кејот и чистење на косините кон коритото на Вардар. Воедно се санираат пешачките и велосипедски патеки на кејот.

Од претпријатието информираат дека е санирана пешачката патека на потегот од од мостот „Обединети Нации" во долниот дел кон мостот кај хотел „Александар Палас", санирана е и патеката кај МАНУ и велосипедската патека под мостот „8 Септември", како и голем дел од површината на велопатеката која е во насока од мостот Влајко во долниот дел од кејот кон амфитеатарот.

„Моментално екипи ги чистат скалилата пред игралиштата за одбојка на кејот, а денеска екипите продолжуваат со санација на велопатеката која е во насока од мостот Влајко во долниот дел од кејот кон амфитеатарот. Екипите кои се задолжени за машинското и рачно чистење во наредните денови продолжуваат со активностите за чистење на потегот од ПИОМ кон мост Близнак“, информира скопското претпријатие.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе