Се прави дезинфекција на кејот на реката Вардар

Екипи на Град Скопје и на Противпожарната бригада денеска спроведоа акција за миење и дезинфекција на кејот на реката Вардар. Миењето се реализираше со цистерни со специјално средство за дезинфекција на јавните површини на кејот на Вардар, а се дезинфицираше и урбаната опрема.

„Службите на Град Скопје, овој карантински викенд, интензивно вршат дезинфекција на јавниот простор во градот. Да го чуваме личното и заедничкото здравје. Да бидеме одговорни“, порача градоначалникот Петре Шилегов. 

Град Скопје континуирано реализира активностите за чистење и дезинфекција на јавните површини во градот се со цел да се подигне нивото на јавната хигиена и да се заштити здравјето на граѓаните од ширењето на коронавирусот, а во текот на изминатиов период ЈП „Комунална хигиена" секојдневно спроведува машинско миење со автоцистерни и дезинфекција на поголемите улици и булевари во сите скопски општини, како и рачно миење и дезинфекција на најфреквентните јавни површини во централното градско подрачје. Постојано се дезинфицираат и садовите за собирање отпад поставени на територијата на градот Скопје – подземните и надземните контејнери и нивната микролокација, информираат од Градот

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе