Се подготвува прославата по повод 8 Септември, изменет режим на сообраќај во центарот во Скопје

По повод Денот на независноста во централното градско подрачје во Скопје на 8 Септември ќе се одржи централна прослава „30 години независност". Поради генерална проба за настанот денеска до 12,30 часот и од 15,30 до 20 часот затворени за сообраќај ќе бидат следниве сообраќајници:

-бул. „Кочо Рацин“ на потег од крстосницата со бул. „Кузман Јосифовски Питу“ до ул. „Кирил и Методиј“,

-ул. „11 Октомври“ на потег од ул. „Крушевска Република“ до ул. „Димитрие Чуповски“,
- ул. „Филип Втори“ на потег од бул. „Гоце Делчев“ до ул. „11-ти Октомври“, 
- кеј „13–ти Ноември“ на потег од ул. „Филип Втори“ до бул. „Кочо Рацин“, 
- ул. „Мирче Ацев“ на потег од ул. „Филип Втори“ до бул. „Кочо Рацин“, 
- ул. „Димитрија Чуповски“ на потег од порта Македонија до бул. „Климент Охридски" и
- ул. „Даме Груев“ од крстосница со ул. „Македонија“ до ул. „11-ти Октомври“.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи - Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по овие улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Секторот за внатрешни работи - Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе