ЈП Водовод и канализација - Скопје

Се крадат капаци од шахти

Во текот на минатата ноќ на булеварите „Илинден“ и „8 Септември“ и на улицата „Карпошево востание“, украдени се капаци од шахти и решетки од сливници.

ЈП Водовод и канализација - Скопје соопштува дека во најбрз можен рок истите ќе бидат заменети. Случајот е документиран и пријавен во полициската станица во Карпош.

Упатуваме апел до јавноста и граѓаните, да не се крадат капаци и решетки од улиците, бидејќи на тој начин се загрозува безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот, сooпшти ЈП Водовод и канализација - Скопје.

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе