РКЕ дозволи нови цени за топлинска енергија

Се качува цената на парното греење

Крајната цена на парното греење во просек се зголемува за 14,05 проценти кај трите компании на територијата на Град Скопје, се вели во одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски вели дека станува збор за враќање на цената на парното на ниво од 2018 година, а како причина ја наведува зголемената цена на енергенсите на светскиот пазар. Бислимоски ги повика Град Скопје и општините да се солидаризираат со ранливите категории на граѓани со финансиска поддршка. 

„Со денешната одлука цената на парното практично се враќа на ниво од јули 2018 година. РКЕ во последните 9 години носеше одлуки со кои сметките за парно континуирано се намалуваа, освен една година кога останаа на исто ниво. Природниот гас е енергенс кој државата го увезува и неговите високи цени влијаат во цела Европа. Ги уверувам граѓаните дека во моментот штом се стабилизира цената на природниот гас одлуката ќе биде ревидирана. До тогаш, упатувам апел до Град Скопје и општините да излезат во пресрет на најранливите категории со финансиска помош. Во исто време информирам дека и Владата ќе преземе соодветни мерки со кои ќе се обезбеди стабилност во снабдувањето со топлинска енергија. По две години откако РКЕ иницираше проширување на листата на ранливи категории со лица кои имаат ниски примања, Владата се одважи да донесе одлука по моделот кој го предложивме. По истиот пример бараме и Градот Скопје да делува. Во време на енергетска криза сите мора да се солидаризираме", вели Бислимоски.

Тој додава дека со одлуката во јули 2021 година цената на парното се намали во просек за 4.35%.

По ескалирање на енергетската криза во Европа со огромниот пораст на цените на природниот гас и електричната енергија, дел од компаниите побараа ревидирање на цената за топлинска енергија дури и за 300%.

Во Скопје околу 60.000 потрошувачи се приклучени на централните системи за греење на трите компании.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе