На местото на оние кои заминале или ќе одат во пензија

Се бараат 50 помлади возачи во ЈСП, платата е 21.000 денари

Јавното сообраќајно претпријатие објави оглас за вработување на 50 помлади возачи. За една година 32 возачи заминале од работа, а до крајот на оваа година во пензија ќе заминат уште 24. Кандидатите треба да се со четиригодишно средно образование, да имаат положено возачки испит од Д- категорија и да се со или без работно искуство. Возачите ќе бидат примени на работа на неопределено време, со основна нето-плата што е утврдена на 21.000 денари.

Дваесет и пет од новопримените возачи ќе бидат во базата Автокоманда и исто толку во автобазата Ѓорче Петров. Треба да бидат вработени 34 Македонци, десетмина Албанци, еден Турчин, тројца Роми, еден Бошњак и еден од другите националности.

Во Одделот за јавен превоз, работното време за возачите на автобус се организира во три, односно во четири смени, двосменски и двократно. Првата смена е од 04:30 до 11 часот, втората е од 11 до 17 часот и третата од 17 до 24 часот. На определени линии во рамките на мрежата на линии кои ги одржува претпријатието се организира четврта смена, со почеток на работното време од 22 до 05 часот, односно од 23:45 до 06 часот, во зависност од линијата.

Двосменската работа на возачите се врши во прва смена од 5 до 11:30 часот и во втора смена од 11:30 до 18 часот. Додека двосменската работа се врши во следниве термини: од 05 до 09:30 часот и од 13 до 16:30 часот.

 

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе