СДСМ: Арсовска вети бесплатен јавен превоз, а за две недели го поскапе

СДСМ утрово обвини дека за две недели партиските кадри поставени од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, ја закочија и уназадија работата на Јавното сообраќајно претпријатие.

„Наместо бесплатен јавен превоз, Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ го поскапуваат автобускиот превоз преку воведување на билет од 120 денари. Уште во првите недели по поставувањето раководството на ЈСП бара помош од Владата, очигледно неспособно да се справи со предизвиците. ЈСП е под надлежност на Град Скопје и помош прво треба да побара од Градот и градоначалничката Арсовска.

Владата веќе му помогна на ЈСП со тоа што даде гаранција за заемот од 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој за имплементирање на Бас рапид транзит системот“, изјави денеска Мартин Попов, советник во Советот на Град Скопје.

Според него, Арсовска заради лични каприци решила да го прекине овој проект кој треба сериозно да го унапреди квалитетот на јавниот превоз во главниот град и наместо да го продолжи проектот за кој се обезбедени средства, проект кој е целосно еколошки и ефикасен, како што вели, Арсовска ги лаже скопјани дека ќе воведе бесплатен превоз дури за две години отсега.

„Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ не се способни ниту да управуваат успешно со ЈСП, а не пак да донесат 250 нови автобуси и да воведат бесплатен јавен превоз.

Со прекинување проекти, со кратење средства за животна средина, поништување огласи и партизација на администрацијата, Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ уште во првите месеци покажаа дека немаат намера да се грижат за граѓаните, туку единствено за своите лични и партиски интереси“, додава Попов, според кого, партијата заедно со Арсовска сака да го запусти градот и да го спречи неговиот развој.

 

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе