ПО ПРЕВРТУВАЊЕТО НА АВТОБУСОТ НА ПАТОТ ВЕЛЕС - СКОПЈЕ

„Савана“ по сообраќајката во Велес: Сочувство за починатата патничка и надеж за поскоро оздравување на другите

Во автобусот на „Бус травел“ кој вчера се преврте при враќањето од Грција биле туристи на туристичката агенција „Савана“.

Агенцијата денеска го даде следново соопштение:

„Почитувани наши сограѓани, пријатели и патници. Со неизмерна тага и болка ве известуваме, дека вчера во вечерните часови, автобусот на превозникот „Бус травел“ од Скопје, кој превезуваше дел (25 патници) од нашите туристи кои се враќаа од летувањата во туристичките места на Халкидики, на делницата од автопатот Велес - Скопје имаше тешка и трагична сообраќајна несреќа.

Во оваа страотна сообраќајна незгода, најголем дел од патниците, придружникот и возачот на автобусот, беа тешко повредени и хоспитализирани во болниците во Велес и Скопје, додека една патничка за жал, во болницата сепак им подлегна на здобиените повреди.

Изразувајќи го нашето сочувство кон семејството на починатата госпоѓа, како и искрената надеж за поскоро оздравување на другите патници, ве повикуваме да ни се придружите во нашите молитви кон Господа, за негова милост и нивно спасение“, соопшти ТА „Савана“.

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе