ЈП Водовод и канализација – Скопје

Саниран дефектот кој остави без вода половина Скопје

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста дека дефектот на бул. Кочо Рацин, спроти Олимписки базен, за чие отстранување се затвори цефка од „ф1400мм“ е саниран и граѓаните ќе добијат нормализирано водоснабдување до полноќ.

Имено, екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, непрекинато работеа на отстранување на овој дефект и во рекордно време го отстранија истиот. “Ваквите дефекти се навистина многу ретки, а кога ќе се случат, неминовно е еден поголем дел од граѓаните да имаат прекинато водоснабдување. Во овој случај за отстранување на дефектот беше потребно да се затвори цефка со дијаметар ф1400мм, а со тоа и повеќе населби останаа без вода. Екипите работеа непрекинато со целиот капацитет и сите расположливи ресурси и за многу краток временски период го отстранија дефектот. Имајќи го предвид фактот дека станува збор за голема цефка која е под силен притисок, водата ќе се пушта постепено и до полноќ се очекува водоснабдувањето да биде нормализирано во сите делови и кај сите корисници. Упатувам голема благодарност до тимот на ЈП Водовод и канализација и до сите граѓани кои имаа трпение и разбирање за оваа ситуација“посочи Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе