ДЕНЕСКА ВО 17 ЧАСОТ

Ретвитни оброк и Мрдни со прст денеска готват за бездомници и слават втор роденден

Денес од 17 часот, на улица Петар Поп Арсов бр. 6. во близина на Универзална Сала, Ретвитни оброк заедно со Мрдни со прст и диџеј Гоце САФ ќе готват за бездомници и ќе го прослават 2. роденден на групата ентузијасти која подготвува и донира оброци на оние на кои им е најпотребно.

Имено, велат организаторите, секој е добредојден денеска, но и секој петок во иднина, да мрдне со прст и да помогне околу сецкањето на морков, кромид, зелка, мешање на ориз, пакување на зготвените оброци или друга креативна опција - да донесе неколку зготвени и спакувани оброци и воедно да се дружи со позитивни и весели луѓе. Дополнително, диџеј Гоце САФ ќе биде музичката поддршка и подлога со цел готвењето да биде разиграно, лесно и певливо.

„Идејата „Ретвитни оброк“ се роди пред точно две години. Сега сме самоорганизирана група од дваесетина млади луѓе кои подготвуваат и донираат оброци на бездомниците во Скопје. Покрај тоа што сме дваесетина луѓе, секој петок ни се приклучуваат нови кои готват заедно со нас. Всушност, во петок ја готвиме храната за потоа секоја сабота од 12.30 часот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза истата храна се подели на оние кои се гладни и живеат на раб на егзистенција. Од скромниот почеток сега стигнуваат до повеќе од 150 оброци спакувани во алуминиумски садови. Не важно дали е ориз со копан, гравче-тавче, печен компир или макарони со парче месо и сaлата, важно што е свежо и доволно за еден ручек. Бројот на оброци секоја недела постојано се зголемува, а ова се должи на се поголемиот интерес и јавувањето на се' повеќе нови лица кои се приклучуваат, организации, фирми и хумани граѓани кои учествуваат било за подготовка, било за транспорт на оброците дури и низ повеќе градови во земјава. Се надеваме дека од сабота во сабота ќе имаме се повеќе луѓе кои што ќе донесат храна на нашето збирно место – зад Спомен-куќата на Мајка Тереза“, изјавија од Ретвитни оброк.

Повеќе за денешниот настан и прославата на 2-от роденден на Ретвитни оброк заедно со Мрдни со прст и диџеј Гоце САФ можете да дознаете на официјалниот настан на Фејсбук.

Кампањата „Мрдни со прст“ продолжува и понатаму, а секој кој сака да се пријави за следните акции или да пријави проблем може тоа да го направи преку веб страната или Фејсбук страната на Мрдни со прст

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе