Реновиран блок Б на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Нов изглед, подобрени услови, нов мебел, нови прозорци, нов лифт, парно... вака денес изгледа реновираниот блок Б од студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје.

 

Тука наскоро ќе влезат и првите студенти.

Монтирањето на мебелот е веќе започнато, па најгорните катови се веќе целосно опремени. Секоја соба е опремена со мини фрижидер, мини кујна, плакари, биро... Во домот ќе има и безжичен интеренет за сите.

Во наредните денови ќе биде распишан тендер за набавка на нови лифтови за сите студентски домови во земјата.

Реконструкцијата на блок А од овој студентски дом планирано е да заврши до крајот на наредната година.

Студентите од блок А ќе бидат префрлени во блокот Б, а блокот А ќе биде целосно затворен.

Во Министерството за образование се  подготвуваат и проектите за реконструкција на останатите два блока од домот, В и Г и за мензата.

Завршувањето на работите на студентскиот дом „Гоце Делчев“ е планирано за крајот на 2016 година или почетокот на 2017 година.

ФОТО: Република

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе