Поминат и есенскиот рекорд

Рекордни 12.000 посетители за еден ден во Зоолошката во Скопје

Убавото време, но и новините и уреденоста на Зоолошката градина во Скопје, вчера го наполнија објектот. Зоолошката градина за само еден ден ја посетија 12.000 лица. Граѓаните максимално го искористија времето за уживање во ЗОО царството кое во поседниот период постојано ги изненадува љубителите на животните. 

За посетеноста на објектот на Фејсбук објавиjа и на официјалната Фејсбук страница на ЗОО Скопје, како и директорот на објектот, Ѓорѓи Галетановски.

Најатрактивни меѓу животните се трите жирафи Тебого, Каспер и Флопи, како и слончиците Дуња и Даела. 

Во пресрет на 1-ви април во ЗОО Скопје се организира и најголемиот скопски маскенбал.

„Во пресрет на 1 април, во Зоолошка градина Скопје, на 31 март добредојдени сте сите кои уживате во маскирањето. За сите маскирани дечиња подготвивме изненадувања од нашите пријатели: Тинекс, Винчини, Халк Банк, Вива и Пелистерка. За најдобрите маски следуваат награди. Дојдете во Скопје Зоо во недела, 31 март со почеток од 13:00“, велат од ЗОО Скопје во поканата до сите заинтересирани. 

 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе