Уживање во дегистација на сортни вина

Рекордна посетеност на првиот ден на винскиот фестивал во Скопје

Винскиот фестивал под покровителство на град Скопје, вчеравечер забележа рекордна посетеност на првиот фестивалски ден. Голем број на граѓани го посетија „Skopje Wine Expo" и уживаа во дегустација на сортни македонски вина, вински коктели и гурмански деликатеси. 

Посетителите на плоштадот „Мајка Тереза"уживаа со Brass Brothers, дуетите на Блага и Ефто, како и во оперската арија која ја отпеа доајенот на македонската музика. Крајот од вечерта беше резервиран за српскиот поп бенд Тропико.

Денеска на фестивалот, под мотото „One Love" настапуваат: Либеро бенд, Графа, Криско, Нокаут, Слаткаристика и Дј Оки Доки. „Skopje Wine Expo" започнува во 18:00, со „after work" забава, а влезот за посетителите е бесплатен.

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе