Институт за јавно здравје

Расте бројот на дебели деца, апел за здрава храна и за спортување на младите

Лошата исхрана и слабата физичка активност се најголемите виновници за епидемијата на зголемена телесна тежина и дебелина во светот. Апел до државните и локални власти на Македонија да обезбедат здрава животна средина и инфраструктура за спортување на младите, се вели во последната анализа на Институтот за јавно здравје.

Оваа анализа покажува дека расте бројот на дебели деца во Македонија. Во споредба со 2010 година поголем пораст е забележан кај девојчињата. Лани повеќе од 15 проценти од женските деца во државата се дебели што е за два проценти повеќе во споредба со анализата направена пред шест години. Кај машките деца во 2010 година 19,5 проценти од нив имале прекумерна телесна тежина, додека лани има зголемување од еден процент.

Податоците на Институтот покажуваат дека 62,7 проценти од мажите и 48,4 отсто од жените постари од 18 години имаат зголемена телесна тежина. Дебели, пак се 19,6 отсто од мажите и 17,2 проценти од жените.

Оваа анализа открива дека момчињата се повеќе склони на дебелеење. Податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека над 39 проценти од машките деца во државата имаат телесна тежина која е поголема од предвидената за нивната возраст. Близу 33 проценти од женските деца во земјава имаат зголемена телесна тежина.

Според лекарите, дебелината и зголемената телесна тежина се најзначајни фактори за појава на срцеви заболувања, дијабет тип 2 и малигни болести. Се смета и дека овие луѓе имаат намален квалитет на живот и поголема можност за појава на болести..

Лекарите велат дека многумина од граѓаните имаат информации и за здравата храна и за потребата од физичка активност, но не ги применуваат препораките.

„Имаме малку физичка активност и т.н. седечки животен стил. Немаме доволно места за физичка активност, ниту доволно велосипедски патеки. Во исхраната неретко доминира преработената храна. Не е регулирано рекламирањето на одредена храна. Во исто време кој како сака си зборува за храната и дава препораки. И државата и здравствениот систем мора да посвети внимание на проблемот со прекумерната тежина и дебелината“, вели д-р Игор Спироски од Институт за јавно здравје.

Вчера беше Светски ден за борба против дебелината.

Спречувањето на појава на дебелината е комплексен процес кој не треба да е одговорност само на здравствените власти или личностите кои се соочуваат со него. Справувањето со овој проблем бара сеопфатна акција на повеќе сектори во општеството, односно пристап на „цела влада“ и „цело општество“, велат од Институтот.

Пораката на амбасадорот Бејли среде Скопје, јас не ја сфатив како шлаканица врз ДИК и нивните неодговорни членови (за наша несреќа едногласни во мислите и менталната матрица)!

повеќе

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе