ЈП Комунална хигиена - Скопје

Расчистени диви депонии во Карпош и Сарај

Јавното претпријатие Комунална хигиена денеска ги продолжи активностите за расчистување диви депонии во општините Карпош и Сарај. Во населеното место Бардовци во општината Карпош, покрај реката Лепенец, беа отстранети приближно 550 м3 одложен отпад, додека во општината Сарај беше расчистена дива депонија составена од 350 м3 комунален, кабаст и градежен отпад, лоцирана во близина на СУГС „Сарај“.

Во реализацијата на активностите беа ангажирани десет работници на терен, додека од механизацијата се употребуваа четири специјални комунални возила-кипер и два багера.

Во текот на следната седмица, ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе продолжи со расчистување на дивите депонии и во општините Ѓорче Петров, Кисела Вода и Гази Баба.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе