Работилница за јонизирачко третирање на храната

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) денеска организира работилница на темата „Технологии за третирање на храната со јонизирачко зрачење“, пренесува МИА.

Работилницата се одржува во рамки на проектот МАК5007 - „Процена и можности за имплементација на технологии за третирање на храната со јонизирачко зрачење во Република Македонија”, финансиран од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) од Виена, Австрија.

Предавање на тема „Технологии за зрачење, нивна комерцијална примена и третирање на храната со јонизирачко зрачење“ ќе одржи Ивес Хенон, експерт кој преку 20 години работи во МААЕ.

Област му е стерилизација на медицински материјали. На јонизирачко зрачење е ангажиран од 1980 година, во Лабораторијата за третирање храна при Француската комисија за атомска енергија, додека од 1987 работи за повеќе индустриски гиганти на изградба и раководење големи повеќенаменски станици за јонизирачкото зрачење и медицинска стерилизација во Европа и Азија. Од 2006 Хенон како консултант е вклучен и во повеќе проекти од оваа област.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе