Работилница на МЕД за отстранување на линданот од ОХИС

Утре во Скопје ќе се одржи првата од двете планирани работилници за подигнување на јавната свест за значењето и важноста на отстранувањето на линданот од малата депонија во фабриката Охис. Работилницатае е во организација на Македонското еколошко друштво.

Подигнувањето на јавната свест на населението на Скопје за значењето и влијанието на линданот врз човековото здравје и состојбата на животната средина е една од активностите која се спроведува во рамки на повеќегодишниот проект „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на ремедијацијата на локациите контаминирани со α-HCH, β-HCH и линдан во ОХИС, 100122“, финансиран од Глобалниот еколошки фонд (GEF) и имплементиран преку УНИДО (United Nations Industrial Development Organization).

Главната цел на овој долгогодишен проект, е во следниот период да се спроведе отстранување на депонираниот линдан од една од двете постоечки депонии кои се наѓаат во фабриката ОХИС.

Македонското еколошко друштво (МЕД), како носител на активностите за подигнување на јавната свест, во координација со Канцеларијата за неразградливи органски загадувачи (POPs) на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), во подготвителниот период пред да започне процесот на отстранувањето, организира повеќе активности преку кои ќе се обиде да ги сподели информациите до сите засегнати страни во врска со отстранувањето на дел од депонираниот линдан од ОХИС на најтранспарентен и најсоодветен начин.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе