Протест на жителите на Гази Баба, не го сакаат Центарот за зависности во нивната населба

Жителите на Гази Баба денеска одржаа протест против најавата за дислокација на Центарот за одвикнување од зависности од Општина Кисела Вода во простории на поранешната фабрика „Металски завод – Тито", во населбата Маџари.

Учесниците на протестот ја блокираа главната улица „Перо Наков" со транспаренти со кои бараат властите да се повлечат од идејата, бидејќи според нив, тоа треба да се направи на поизолирано место, а не среде населба каде има градинки и училишта. Сметаат дека и локалната власт треба да организира референдум за ваквата одлука, велат, градоначалникот не добил мандат за тоа.

Ако локалната и централната власт не го прифатат нивното барање жителите од населбата најавуваат радикализација на протестите. 

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе