Општина Чаир

Пропадна и вториот тендер, никој не сака да ја урива дивоградбата кај Мавровка

И вториот тендер на општина Чаир за избор на компанија која ќе ги урива дивоградбите на територијата на општината пропадна. Прва дивоградба на листата на Чаир е изградениот објект на терасата на кафулето Фонтана во ТЦ Мавровка.

И на вториот тендер не се пријави ниту една фирма. За тоа како понатаму, општината ќе одлучува во понеделник, најави градоначалникот Висар Ганиу.

Кога се издаде решението на уривање на објектот, општината информираше дека не знае кому да му го додели, дека не знае кој е инвеститорот. Сопственикот се бараше и преку весници, со оглас на општината. И натаму, барем според надлежните институции, не се знае кој е сопственикот на земјиштето и кој е инвеститорот.

МВР неодамна соопшти дека по издадената нредба од ОЈО Скопје, СВР Скопје веднаш постапило, дека биле преземени соодветни мерки и активности и до надлежните институции на кои се однесуваат барањата во наредбата, доставени биле барања за достава на податоци. По добивање на бараните информации, истите веднаш ќе бидат доставени до ОЈО Скопје, соопшти МВР.

Ова значи дека ни обвинителството, ниту пак општината сѐ уште немаат никаква официјална информација за тоа кој е мистериозниот инвеститор.

Уривањето дивоградби е во надлежност на локалната власт.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе