Промовирани нови 275 инженери и 113 магистри на ФЕИТ

Никогаш не запирајте со учењето, истражувањето и растењето им порача деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) на новите 275 инженери и 113 магистри.

На промоцијата на новите инженери и магистри на ФЕИТ, што се одржа во Македонскиот народен театар, деканот на факултетот професор д-р Миле Станковски, им порача на дипломираните и магистрите дека ова е „само крај на еден дел од вашиот живот и ве става пред почетокот на нова стартна линија“.

„Што и да правите понатаму, никогаш не запирајте со учењето, истражувањето, растењето и не напуштајте го предизвикот да бидете најдобри. Се надевам дека по вашето дипломирање, одвреме-навреме, ќе доаѓате на вашиот АЛМА МАТЕР и ќе зборувате со нас, активно ќе го користите ФЕИТ како место за алумни активности – како арена за доживотно учење и здрава основа во вашите животи“, рече Станковски.

Од дипломираните годинава, 21 беа промовирани како најдобри студенти во генерацијата со просек над 9 (девет). На манифестацијата беа поделени и наградите „Инженерски прстен“, „Атанаско Кантарџиев“, „Стамболиев“, од институциите Македонски национален комитет при Меѓународната конференција за големи електрични системи (МАКОСИГРЕ) и Здружението за електроника, телекомуникации, автоматика и информатика на Македонија - ЕТАИ.

Во име на студентите, на манифестацијата, говореше Ванеса Василевска.

„Денес е денот кој го рефлектира успехот од завршување на четиригодишното студирање. Дефинира етапа во која храбро се соочивме со уште едно предизвикувачко искуство во нашите животи и момент кога се здобивме со признание за нашата улога на утрешни идни лидери“, им порача Василевска на своите колеги.

На промоцијата на дипломираните студенти и магистри на ФЕИТ присуствуваше ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски, проректорите на УКИМ, продеканот на Електротехничкиот факултет од Ниш, професор д-р Драган Дениќ, неколку декани на образовни институции во Македонија и претставници на компании кои соработуваат со факултетот.

Во досегашното 56-годишно постоење, Факултетот образувал речиси 10.000 електроинженери, создал повеќе од 850 магистри и над 120 доктори на науки. 

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе