Промовиран е проектот „Изразување на јавниот интерес“

Институтот за комуникациски студии (ИКС) денеска го промовираше проектот „Изразување на јавниот интерес: зголемување на моќта на медиумите и граѓаните во штитењето на јавните политики во Македонија", кој има за цел да ја подигне свеста на граѓаните и на медиумските професионалци за значењето на јавниот интерес во одржувањето на принципите на доброто управување.

Оваа главна цел ИКС ќе ја постигне преку три компоненти: (1) креирање документи за јавни политики и организирање дебати за истите, (2) развивање упатства за уредувачка политика кои ќе им помогнат на редакциите и медиумските професионалци да вршат новинарство кое ќе му служи на јавниот интерес и (3) ќе ги поттикнува граѓаните и експертите активно да се вклучат во јавната дебата за прашања од јавен интерес преку иницијатива за дигитално граѓанство Рес публика (Res Publica).

Уважувајќи ја улогата на новинарската професија преку навремено, транспарентно, инклузивно и професионално известување преку која се штитат интересите на јавноста, ИКС ја интензивира соработката со медиумите во Македонија преку повеќе активности.

Дванаесет медиуми во Македонија изразија подготвеност да учествуваат во овој проект преку отворена поддршка и известување за активностите кои треба да допрат до различни публики за да ги поттикне во дебатата за прашања од јавен интерес и нивно активно учество во претстојниот процес за креирање упатства за уредувачка политика и новинарство од јавен интерес, вклучувајќи го и тестот за јавен интерес во новинарството.

Денеска националните телевизии „Телма“, „Алсат-М“, „24 Вести“, националното радио „Канал 77“, дневните весници „Вест“, „Нова Македонија“, „Утрински весник“, „Коха“, неделникот „Фокус“ и информативните веб-страници „Нова ТВ“, „Фактор.мк“ и „Мкд.мк“ потпишаа Меморандум за соработка со ИКС во реализација на поставените цели.

Институтот за комуникациски студии денеска го промовираше академскиот блог www.respublica.edu.mk, кој е дел од иницијативата за дигитално граѓанство Res Publica. Целта на оваа активност е да се стимулира дебатата за прашања од јавен интерес, при што професори, медиумски и политички експерти, новинари, студенти, јавни службеници и други професионалци преку блогови ќе ги изразат своите ставови за актуелни прашања од јавен интерес.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе