Реакција

Професорката Пенчиќ до градежниците: Има толку многу да се гради, а не само згради и молови

Многу е смешно и несериозно, приоритет да биде „прекинување на мораториумот во општините" кога мораториум има само во општина Центар, а мака се мачи да го има и во општините Охрид и Струга, реагира професорката по урбанизам од Архитектонскиот факултет, Дивна Пенчиќ по информацијата дека градежните компании ќе инвестираат 1 милијарда евра ако им се овозможи непречено да работат.

„Кого замајувате? Па во општина Центар ионака се гради интензивно! Да ве потсетиме ако сте заборавиле - се гради ИНТЕНЗИВНО кај Стара железничка станица - Дајмонд центарот на ЛИМАК! Од него пати цел Центар, па и поширкоко: прав, бучава, заглавен сообраќај, уништување на културно наследство, не оставено ниту парче зелен простор....

Дополнително - се донесоа нови Детални урбанистички планови за градските четврти Пролет, Ново маало, Мирче Мацан, Даре Џамбаз, и таму гледаме ама баш никој не се потегна да гради. Па нели сакавте да градите?

На листа на чекање за донесување се уште десетина ДУП-ови во Центар, а ним само им се дополнува нешто „од повисоко“ за да се задоволат нечии апетити на нивната локација и се кочи можноста за градење на останатите сопственици. „Силни градежни компании“ кои „уловиле“ и „ловат“ локации со голем процент државно или општинско земјиште го узурпираат правото на другите помали сопственици и градители, затоа што тие им ги голтаат дозволените со ГУП на Скопје број на жители, развиена површина за градба и сл. Тие исти „големи фирми“ се борат да не се обезбеди земјиште за градинки, паркови, игралишта и други пратечки површини.

Ама доста е лажење и мачкање очи!!! Доста!

А уште повеќе! Кој тоа ви брани да градите? Па општина Центар е најмалата општина и најизградената! А Македонија има 34 градови! села небројни! Градете во другите градови кои ги умртвивте градејќи го Скопје!

А и не е само градење станови и шопинг молови! Има толку многу да се гради! Градете градинки, училишта, болници, водоводи, пречистителни станици, улици, патишта! Има толку многу да се гради! МНОГУ“, порачува професорката по урбанизам од Архитектонскиот факултет, Дивна Пенчиќ.

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе