За 3 дена 7.300 члена

Професорката Ќупева предупредува: Порнографија меѓу средношколците, групата веќе има 7.300 членови

Институциите се на потег. Ова е аларм за сите нас - најмногу родителите, па училиштето и целата заедница. Пред очи ни се случува дегенерација на новата генерација млади и општ пад на моралот на сите нивоа, алармира професорката Тамара Ќупева за групата „Јавна соба“ која деновиве се појави на Интернет и  се шири со неверојатна брзина меѓу среднпшколците во Скопје и другите градови, а на која се споделуваат порнографски содржини.

Станува збор за група која е креирана на апликацијата Телеграм, а комуникацијата е идентична и на Вибер, предупредува Ќупева, професорка во гимназијата „Орце Николов“ во Скопје.

Еве што Ќупева пишува во својот Фејсбук-статус:

„За неполни три дена се зачлениле повеќе од 7.300 членови. Членовите на оваа група, во слободна, отворена ( вулгарна) комуникација со другите членови, споделуваат и коментираат експлицитни фотографии од девојчиња од различни градови. Тоа се најчесто оригинални порнографски слики и видеа.

Дел од тие фотографии се лажни, но се поврзуваат со конкретни имиња, така што девојчето - жртва нема можност да докаже дека таа не е всушност девојката на фотографијата.

Ова е група во која се споделуваат фотографии од малолетни девојчиња, од 12, 13 години и малку поголеми. Фотографиите се преземени не само од отворени Инстаграм профили,  туку и од приватни пораки меѓу двајца соговорници (девојчиња кои претходно испратиле приватни интимни фотографии до свои пријатели).

Во оваа група може да се пристапи со лажен профил, па во неа веројатно има и возрасни лица.

Прегледот на оваа група покажува дека ова е платформа во која се објавуваат порнографски материјали на малолетни девојчиња и тоа со име и презиме или само со име и место на живеење.

Секој член на групата може да ја зачува објавената фотографија и истата да ја користи за свои цели.

Институциите се на потег !!! Ова е аларм за сите нас - најмногу родителите, па училиштето и целата заедница. Пред очи ни се случува дегенерација на новата генерација млади и општ пад на моралот на сите нивоа. Ова е крајно загрижувачка, сериозна опомена дека децата, воспитанието и нивното образование се најзапоставените приоритети.

Очигледно е дека во нашата лична, секојдневна и поширока, општествена агенда - тие дефинитивно се на последното место“, алармира Ќупева.

„Најтешката задача на модерното воспитување е да му се помогне на детето да се препознае како вредност во својата дигитална, матрикс – генерација“, напиша неодамна во колумната за МКД.мк д-р Тамара Ќупева.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе