МЕР ја гради националната мрежа

Продолжува силувањето на Водно, по сртот на планината почна да се гради гасовод

Кумановската фирма „Рапид билд" од пред една недела ги пресели своите булдожери на врвот на Водно каде што почна да копа за гасоводот од Скопје, преку Гостивар до Кичево (делница 5). По сртот на Водно ќе се копаат неколку километри за делницата од Сопиште, преку планираната населба Сончев град, кон Матка. Еколозите и љубителите на Водно најавуваат жестока реакција.

Државната компанија Македонски енергетски ресурси испланирала дел од националниот гасификациски систем да минува баш по сртот на Водно. Подолу ќе имало многу проблеми со експропријација на земјиштето, пари нема, па државата решила гасоводот да минува на врв на планина.

Љубителите на природата, планинарите, еколозите се извадија од памет кога викендов на врвот на Водно ги виделе булдожерите кои веќе ископаа дел од трасата за гасоводот. Според трасата на гасоводот, предвидена е и сеча на шума. Веќе е израмнет и дел од шумата на местото наречено Бел Камен во должина од 200 метри и ширина од 25 метри, а околчена е и целата траса кон Матка. Веќе се откорнати борови, дабови, елки...

Неопходната студија за влијанието на овие градби врз животната средина изготвена уште во декември 2011 година покажала само можно „предизвикување на краткотрајни и локални негативни влијанија. Генерален заклучок е дека овој проект нема да доведе до значително нарушување на животната средина“, пишува во студијата.

Овој напад, ова „ново силување на Водно“, предизвика бурна реакција на жителите на Скопје по социјалните мрежи. Сите се едногласни во пораката дека голема глупост е гасовод да се копа по сртот на планината Водно. „Ова е уште едно легализирано, брутално силување на Водно кое го спроведуваат и двете партии. Секоја во свое време“, вели Југослава Дуковска, еден од организаторите на најавениот протест против ова најново уништување на планината Водно.

Проектот за изградба на гасовод на Водно е одобрен уште во 2010 година.

А.Д.

Операциите направени кај повеќето интерсексуални новороденчиња е од козметички причини.

повеќе

Внимателноста во водењето на преговорите за името и изјавите околу нив сега е повеќе од нужна.

повеќе

Во најсеверните делови на грчките региони Западна и Централна Македонија, сите народни ора се инструментални песни. Традиционалните песни во овие региони некогаш имаа зборови - но тие беа на јазик што грчката држава речиси еден век се обидува да го избрише: македонскиот словенски, вели Петрос Карацареас, лектор по англиски јазик и лингвистика на Универзитетот на Вестминстер, Велика Британија.

повеќе