ЗИМСКА СЛУЖБА НА ГРАД СКОПЈЕ

Продолжува чистењето на булевари и улици, се расчистуваат и тротоарите и јавните површини

Продолжуваат активностите на екипите на зимската служба на Град Скопје кои интензивно работат на терен на расчистување на градските улици и булевар.

На терен, велат од Град Скопје, се користат комбинирани методи за чистење на снегот бидејќи поради ниските температури индустриската сол има ефект со - 6 степени целзиусови. Изминативе неколку часа екипите на зимската служба на Град Скопје со механизација ги расчистува булеварите и улиците (чистење на снегот со возила со плуг).

Од Градот Скопје им препорачуваат на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Оттаму потсетуваат дека индустриската сол има ефект до - 6 степени целзиусови и поради ниските температури можно е појавување на голомразица на коловозот и апелираат на голема внимателност во сообраќајот.

Паралално со коловозот, екипи од јавните претпријатија на Градот Скопје работат на расчистување на снегот и мразот од тротоарите и јавните површини.

Оттаму потсетуваат дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти, велат од Град Скопје.

И од JП „Комунала хигиена“ апелираат општините да ја реализираат нивната обврска за чистење на улиците кои се во надлежност на општините и апелираат за поголема ажурност во оваа област, со цел непрекинато собирање на комуналниот смет.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе