Град Скопје

Продолжен рокот за аплицирање за стипендии на средношколци со попреченост

Град Скопје го продолжи рокот за аплицирање за стипендии на средношколци со попреченост.

„Ги информираме сите заинтересирани ученици дека е продолжен рокот на објавениот јавен повик на веб-страницата на Град Скопје на ден 16.09.2019 година за стипендирање на средношколци со попреченост, ученици во средните училишта на Град Скопје. Ве информираме дека Комисијата за спроведување на јавниот повик одлучи истиот да трае  уште 5 дена, односно апликациите на кандидатите за стипендии да се примаат до 01.10.2019 година (вторник)“, соопштуваат од градската управа

Градот Скопје за да го подигне квалитетот на образованието на учениците со попреченост, за  прв пат оваа година ќе додели  25 стипендии за овие ученици од прва до четврта година, коишто во текот   на  9 месеци ќе добиваат  стипендијата  од  3.000 денари нето износ.

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе