Тој на денешната прес-конференција рече дека не е постигнат договор со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и директорот на ЈСП Александар Стојковски за исплата на долгот што го побаруваат превозниците.
„Утрешниот ден ќе покаже дали ќе има некаков исод или блокадата ќе продолжи и во текот на викендот и почетокот на следната недела“, рече Јовановски.
Доколку и во меѓувреме нема резултати ќе бидат блокирани крстосниците кај ТВ Мавровка, Црвен Крст и ул. „Илинденска".