Прием на 50 првачиња во редовите на Црвениот крст, волонтерите се незаменлива алка

Под иницијатива на наставничкиот кадар на училиштето ОУ „Св. Климент Охридски“, а со помош и поддршка од страна на директорката Валентина Трајкоска и волонтерите при Црвен крст- Општинска организација Кисела Вода се организираше централен настан за прием на нови волонтери во редовите на Црвениот крст.

„Волонтерите во нашите редови се незаменлива алка, која го подобрува функционирањето на организацијата, а притоа и директно создава позитивни промени во заедницата. Без дејствувањето на волонтерите резултати би биле помали, а промените во заедницата не толку значајни. Секој еден волонтер е значаен дел од големата слика, а секоја поддадена рака е најважната рака во тешките моменти. Да се биде волонтер, значи да ги инспирирате, поттикнувате и мотивирате другите околу вас со вашите позитивни приказни“, велат од Црвениот крст. 

На манифестација за прием на првачиња учество земаа 50 ученици и 10 волонтери. Настанот се оддржуваше во спортската сала, преку предвидена програма и ритмички.

„Моментот кој беше посебно забележан од присутните беше мигот кој на сите нам ќе ни остане во сеќавање, а тоа е изведбата на видео-записот на нашата композиција "Подавај рака" снимен во 2019 година за потребите на ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности) неделата. За да радоста на крајот биде двојна, најмалите ученици донираа новогодишни подароци за децата кој боледуваат од канцер на одделот за Хематологија при Универзитетската клиника "Мајка Тереза". Исто така учениците од IV одделение, преку видео запис ни говореа на темата "Што е хуманост". Самиот настан беше предводен од страна на нашите волонтери-водители, кои дел од кореографиите заедно ги играа со првачињата и учеа за значењето на амблемот на Црвениот крст. Бескрајно сме благодарни за организацијата на една ваква убава манифестација, која ја прошири нашата база на волонтери и станавме побогати за нови 50 членови, кои веруваме ќе нижат успеси на сите полиња на дејствување во рамки на нашата организација“, вели Маја Наумовска, лидер на клубот на млади при Црвен крст -Општинска организација Кисела Вода.

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе