Општина Центар

Презентиран предлог ДУП за Стара железничка станица

Во салата на Советот на Општина Центар, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, заедно со вработените од Секторот за урбанистичко планирање и планерите, денеска го презентираа предлог Деталниот урбанистички план Градска четврт Ц 06 – Стара железничка станица.

На јавната презентација присутни беа претставници од надлежните институции и комунални претпријатија (ЈП Водовод и канализација – Скопје и Снабдување со топлина БЕГ ДООЕЛ), претставници од сите правни субјекти кои функционираат во овој дел од Центар и засегнатите жители кои живеат на таа локација.

Овој план, како што посочија од Општина Центар, слично и на останатите се изработува со цел усогласување со Генералниот урбанистички план на Град Скопје од 2012 година. Најголемите усогласувања се направени во однос на новата регулација од ГУП-от, последователно усвоените проекти за инфраструктура, како и преземање на доминантната група на класа на намени Б (комерцијални и деловни намени) од ГУП-от.

„Најголемата промена во однос на претходниот ДУП од 2011-та за оваа четврт е направена кај градежната парцела 1.15, за која површина во претходниот ДУП и ГУП е предвидено зеленило. Од групата на класа на намени Б (комерцијални и деловни објекти), предвидена со ГУП за оваа четврт како најсоодветна за жителите на западниот дел од четвртта е избрана класата на намени Б2-големи трговски единици зашто овозможува А2 – домување во станбени згради, како компатибилна намена до 40 проценти од објектот и со тоа решавање на станбеното прашање на луѓето во рамки на идниот развој на оваа четврт“, образложија од Општина Центар.

Од Општината наведоа дека сите останите објекти се задржуваат во површините и обемот предвидени со претходната планска документација, зашто истите се предмет на договорни обврски.

„За културното наследство (Старата Железничка станица) во опфатот на овој ДУП изработени се нови Заштитно – конзерваторски основи кои се одобрени со решение од Управата за заштита на културно наследство во 2019-та година и истите се вградени во планот“, велат од Општината.

Оттаму напоменуваат дека иако ГУП 2012-2022 предвидува нула хектари и нула отсто зеленило, сепак, во опфатот се задржува постојниот парк на југо-источниот крај и други помали зелени површини со вкупна површина од еден хектар или 8.33 процнети од опфатот.

„Доколку граѓаните сакаат дигитално да пополнат анкетен лист, тој е достапен во електронска форма на веб-страницата на Општина Центар. На веб-страницата се објавени и синтезниот (графичкиот) и текстуалниот дел од планот во дигитален формат. Планот исто така ќе биде изложен во читалната „Славко Јаневски“, секој ден од 8:00 до 16:00 часот, заклучно со 14 август 2020“, додаваат од Општина Центар.

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе