Претседателот на Албанија Илир Мета во официјална посета, тридневен посебен сообраќаен режим во Скопје

Претседателот на Албанија Илир Мета од денеска ќе престојува во тридневна официјална посета на Македонија. Министерството за внатрешни работи известува дека од денеска до среда ќе има посебен сообраќаен режим во Скопје поради официјалната посета на претседателот на Албанија.

За време на посетата, Мета ќе има средба со претседателот Стево Пендаровски, потврдија од кабинетот на шефот на државата.

Од  Министерството за внатрешни работи известуваат дека поради официјалната посета на албанскиот претседател Мета, ќе бидат преземени мерки за посебен сообраќаен режим на сообраќајниците  на поширокото централно подрачје на Скопје од денеска до среда.

СВР Скопје апелира  до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите од страна на униформираните полициски службеници.

 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе