Пожарот во кругот на „Треска“ е локализиран, нема повредени лица

Пожарот е локализиран, се работи на расчистување на теренот и отстранување на можни остатоци од огнот и жар за да не се обнови огнот, изјави командирот на Скопската противпожарна бригада. Тој рече дека нема повредени граѓани ниту пожарникари.

„Не можам да кажам дали е подметнат пожарот, тоа ќе го утврдат надлежните органи. Важно е дека спречивме ширење на пожарот. Има во кругот на фабриката многу иверици, остатоци од мебел, лепила и други материјали кои се лесно запалливи“, рече командирот.

Градоначалничката на Скопје и градоначалникот на Центар рекоа дека пожарникарите многу брзо реагирале и дека спречиле поголема штета и ризик од ширење кон куќи.

Граѓани велат дека кругот на поранешната фабрика е огромен и дека има запустени објекти, некогашни хали и бараки каде секојдневно се собираат бездомници. Според некои граѓани, често пати забележале непознати лица таму горат кабли за струкја со цел да го извлечат бакарот од нив и да го продадат.

Се работи за атрактивен простор во централното градско подрачје, за кој постојат планови да се изгради голем комплекс од згради, на што се противат граѓански организации.

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе