Пожарот кај Буковиќ е под контрола, гаснењето продолжува утрово

Екипите на противпожарната единица на град Скопје синоќа го локализираа шумскиот пожар над скопското село Буковиќ, а гаснењето ќе продолжи утрово. Останува да се гасне и пожарот меѓу селата Раовиќ и Ласкарци кој е под контрола.

Пожарот избувна вчера околу 10 часот наутро на непристапен терен над скопското селото Буковиќ, меѓу селата Раовиќ и Ласкарци. Опожарена е дабова и деградирана шума. Со огнот е зафатена територија од околу 100 хектари.

Пожарот го гаснеа три противпожарни возила и вработени од ЈП „Национални шуми".

 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе