Мирен протест

Пожарникарите бараат надомест за опасност при работа, Шилегов вели се бара системско решение

Скопските пожарникари бараат заедно со платите да им се исплаќа и надоместок за опасност при работа, а тврдат дека има и судска пресуда во нивна полза. Тие денес требаше да излезат на протест, но наместо тоа, се сретнаа со градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. 

Град Скопје негира дека има одлука од судот во полза на скопските пожарникари, кои бараат заедно со платите да им се исплаќа и надоместок за опасност при работа. 

„Работиме на изнаоѓање на системско решение како би се надминал проблемот, до тогаш градот и да сака не постои начин како дa ја врши оваа исплата. Ако некој смета дека му е мала платата во противпожарната бригада, додека не го најдеме системското решение, во секое време може да си побара работа на друго место“, изјави Шилегов. 

Пожарникарите на Град Скопје вчера мирно протестираа во Бригадата во Автокоманда. 

По средбата со Шилегов, посочија дека ако не добијат позитивен одговор, ќе продолжат со протести пред седиштето на Град Скопје. 

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе