Пожарникари и мештани цела ноќ го гасеа пожарот во околината на скопското село Кондово

Цела ноќ гореше нискостеблеста шума во близина на скопското село Кондово. Поради силниот ветер жителите на селото беа исплашени пожарот да не зафати и дел од куќите. Некои од жителите ги напуштаа своите домови. Девет противпожарни возила се обидуваа да го локализираат пожарот.

Пожарникарите цела ноќ се бореа со пожарот кај Кондово Од Центарот за управување со кризи велат дека во гасењето на огнот учествуваат 4 цистерни, 25 пожарникари, 9 возила на територијалната противпожарна единица и 50 лица од месното население. Помош е побарана и од општина Сарај, од град Скопје за дополнителни сили од комуналните служби и цистерни со вода од ЈП„Водовод и канализација“ и ЈП „Комунална хигиена“.

Оџата од селото ги повика мештаните да се смират, колку можат да помогнат и да го ослободат патот за противпожарните возила.

Пожар во Кондово имаше и во средата. 

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе