Повредено е дете во сообраќајка во Ѓорче Петров, жителите ја блокираа улицата

Десетгодишно дете е повредено во тешка сообраќајна несреќа што се случи вечерва околу 19 часот на улицата „Борис Сарафов“ во скопската населба Ѓорче Петров.

Во детето удрило возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки. Детето веднаш е пренесено во Ургентниот центар, но сè уште не се знае видот на повредите.

По несреќата, жителите на улицата „Борис Сарафов“ ги превртеа контејнерите и го блокираа сообраќајот. Тие излегоа на улица во знак на револт поради брзото возење по улиците и непочитувањето на сообраќајните знаци. 

Детето е во стабилна здравствена состојба, но има скршеница на черепот и тежок потрес на мозокот, информира за МИА дежурниот лекар на Клиниката за неврохирургија д-р Александар Чапаровски.

Според докторот, детето ќе биде задржано на опсервација.

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе